Свет
Гваидо преку барикадите влезе во венецуелскиот парламент и положи заклетва
Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гваидо и пратениците кои го поддржуваат денеска влегоа во парламентот, каде тој положи заклетва како самопрогласен привремен претседател на институцијата.
Откако го пробија силното обезбедување пред зградата, тој и неговите приврзаници почнаа да ја пеат венецуелската химна.
„Ова покажува што може да се случи кога сме обединети“, извика Гваидо.
Набргу потоа во зградата снемало струја, но пратениците продолжиле да викаат во микрофоните кои не функционирале, прогласувајќи го Гваидо за претседател на парламентот.
Гваидо потоа положи заклетва, прогласувајќи се за привремен претседател на институцијата, единствената која е под контрола на венецуелската опозиција. Тој се заколна во име на Венецуела дека ќе бара решение за кризата.
Пред два дена, Луис Пара, ривал на Хуан Гваидо, се прогласи за претседател на парламентот во Венецуела, место кое Гваидо веруваше дека повторно ќе го освои.
Опозицијата лојална на Гваидо, кој околу 50 држави го признаа за привремен претседател на Венецуела и покрај жестоките реакции на Николас Мадуро, оцени дека Пара се прогласил за прв човек на парламентот без гласање и кворум и го нарече ваквиот потег „парламентарен пуч“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка, испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала нивната ќерка.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме е неописливо. Тоа може да го разбере само родителот. Неколку пати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот, ниту во кола, ниту ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле тоа. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, не навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога се ќе заврши, ќе кажеме се“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.