Свет
Генералниот секретар на ОН го нарече Ковид-19 глобална безбедносна закана број едeн
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го нарече коронавирусот глобална закана број еден, пренесува ТАСС.
„Вирусот е глобална безбедносна закана број еден во нашиот свет денес“, нагласи тој.
Поради оваа причина, додаде Гутереш, апелирам да престанат сите конфликти во светот до крајот на 2020 година.
„Во мојот говор пред Генералното собрание во вторник ќе упатам апел до меѓународната заедница да ги мобилизира сите напори глобалниот прекин на огнот да стане реалност до крајот на годината. Пандемијата на коронавирусот излезе од контрола и бројот на нејзините жртви набргу ќе надмине еден милион. Набргу ќе ја поминеме најмрачната пресвртница: еден милион животи загубени од вирусот. Епидемијата е надвор од контрола“, истакна тој.
Според најновите статистички податоци, повеќе од 29.734.100 луѓе во светот се заразиле и пријавени се повеќе од 939.000 смртни случаи.
Генералната дебата на високо ниво на Генералното собрание на ОН ќе се одржи од 22 до 29 септември. Оваа година мнозинството обраќања ќе бидат во видеоформат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.