Свет
Германија ги повика граѓаните да не патуваат во високоризични земји
Германија ги повика своите граѓани да престанат да патуваат во земји и региони за кои се смета дека се изложени на голем ризик од пандемијата на коронавирус и најави планови за построги правила за карантин.
„Излезе дека непропорционално голем број патници кои се враќаат (од региони со висок ризик) се тестирани позитивно“, рече германската канцеларка Ангела Меркел пред новинарите по состанокот со лидерите на 16 германски држави.
Германија успеа да го задржи бројот на заразени и починати од Ковид-19 релативно низок, во споредба со другите големи европски земји, со 237.936 заразени и 9.285 починати. Сепак, дневниот број на новозаразени лица расте од почетокот на јули и се забрза во последните неколку недели.
Изминатите неколку недели локалните епидемии што започнаа на свадби, семејни собири и забави на плажа надвор од земјата доведоа до повици за забрана на настани каде не можат да се почитуваат правилата за физичко растојание.
Најверојатно, од октомври, секој што бил во карантин затоа што патувал во земја со висок ризик нема да има право на компензација за изгубениот приход, предупреди Меркел.
Германија има список на високоризични земји и региони, повеќето од нив се надвор од Европа. Сепак, неодамна, таа додаде на својата листа голем број региони во рамките на Европската Унија, вклучувајќи ги Париз, францускиот Азурен Брег и поголемиот дел од Шпанија.
15 од 16 германски држави се согласија на минимална казна од 50 евра за неносење маска таму каде што е задолжително, како што е случајот во продавниците и во јавниот превоз.
„Короната целосно се врати во Германија. Нема никаква смисла повторно да има публика на фудбалски натпревари од септември“, рече премиерот на Баварците, Маркус Соудер, на заедничката прес-конференција со Меркел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.