Свет
Германија го укина финансирањето на две нацистички партии
Германија од денеска го укина финансирањето на екстремно-десничарските политички партии, вклучувајќи ја партија НПД, која се смета за неонацистичка. Одлуката беше донесена по два претходни обида за забрана на оваа партија.
Претседателот на Сојузниот уставен суд, Андреас Фоскуле, пред неколку месеци изјави дека иако партијата има противуставни цели, засега не постојат конкретни показатели дека нејзиното дејствување ќе биде успешно. „Судиите, исто така, изјавија дека, иако постои „афинитет за национал-социјализмот” и НДП има за цел „авторитарната држава врз основа на етнички дефинирана народна заедница”, не постои доволна основа за забрана бидејќи движењето нема вистинска тежина.
Партијата се залага за „Германија на Германците”, а во својата програма споменува и преживување и зачувување на германскиот народ на наследениот животен простор во Централна Европа.На парламентарните во 2013 година НДП освои 1,3 отсто од гласовите, што е далеку под прагот од пет проценти.
Само две германски партии се забранети по завршувањето на Втората светска војна: Неонацистичката партија на Рајхот во 1952 година и Германската комунистичка партија во 1956 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.