Свет
Германија смета дека Русија е одговорна за деескалацијата на украинската криза
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, изјави дека јасно ја гледа одговорноста на Русија за деескалација на кризата во Украина, јавува „Aнадолија“.
Бурбок пред заминувањето за Мадрид изјави дека треба да се разгледа секоја можност за мирно решение на кризата.
„Ние, Европската Унија и НАТО, стоиме зад Украина и нема сомнеж дека јасно ја гледаме одговорноста за деескалација во Русија. Од владата во Москва зависи дали ќе ги повлече војниците и ќе обезбеди целосна транспарентност по ова прашање. Ова е барем барање на принципот на ОБСЕ, на кој страна е и Русија“, рече Бербок.
Наведувајќи дека судбината на цела Украина и нејзиното население е загрозена поради распоредувањето на руските војници на украинската граница, Бурбок зборуваше и за опасноста од ситуацијата.
„Ситуацијата е крајно опасна и може да ескалира во секој момент. Добро знаеме колку бргу вакво нешто може да се случи во Европа“, рече таа.
Таа истакна дека европскиот мировен поредок, на кој се засноваат економските можности и просперитетот, како и достигнувањата и основните слободи, се гради со децении преку напорна работа.
„Тоа континуирано го развиваме. Ова е богатство што никогаш не смее да се изгуби или заборави. Во оваа исклучително опасна криза уште поважно е да покажеме дека сите стоиме зад неа со целата доследност и решителност, како на север, така и на југ, исток и на запад од континентот“, заклучи Бурбок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.