Европа
Германската тајна служба: Путин е подготвен за опсада на Киев, тој ќе го уништи градот
Германските медиуми јавуваат дека експерти од Федералната разузнавачка служба (БНД) и Бундесверот секојдневно ги анализираат движењето на руските војници и отпорот на украинските вооружени сили. Прогнозите на германската тајна служба за можниот натамошен тек на војната не се многу оптимистички, наведува АРД.
Според германските безбедносни кругови, Москва има намера што побргу да ја преземе контролата врз источна Украина, а и натаму има планови за преземање на градот Киев. Најкрвавата фаза од војната допрва доаѓа, сметаат германските разузнавачи. Војската на Путин сè уште не употребила дел од вооружените системи во својот арсенал, а некои единици подготвени на границата и натаму не се употребени, наведува БНД.
Во моментот нема докази дека руската агресивна војна би ги загрозила моќта и влијанието на Путин. Напротив: луѓето околу него и натаму му се лојални на претседателот, велат извори на БНД. Шпекулациите за здравјето на Путин, според безбедносните кругови, не помагаат, а нема конкретни докази за болеста.
Сепак, постојат докази дека рускиот лидер сè повеќе се повлекува во последните месеци, се вели дека тој првенствено читал историски и идеолошки списи, а пишувал и свои трактати. Тој речиси престанал да се занимава со прашања од внатрешната и економската политика.
Според германските безбедносни кругови, по една недела војна, руските загуби се секако далеку поголеми од официјалните бројки за речиси 500 загинати и 1.600 ранети војници. Фрустрацијата е голема во руската војска, направени се логистички грешки, а снабдувањето со храна, бензин и муниција не се одвива без проблеми. Според германските безбедносни извори, извештаите за разочаран воен персонал се сметаат за веродостојни.
Во првите бранови на напади главно биле респоредени неискусни млади војници, кои често отслужувале воен рок. Веројатно намерно, сметаат германските експерти за безбедност.
Тактиката би можела да биде дека овие единици би можеле дури и да бидат жртвувани за првично да ја исцрпат украинската армија. После тоа, ќе бидат распоредени нови, подобро опремени и многу поискусни единици, на пример, за поставување опсадни прстени околу градовите, а за очекување е, според БНД, главниот град Киев на крајот да биде окупиран. Кога тоа ќе се случи – не е јасно. На ова може да му претходи продолжена воена опсада на градот, со катастрофални последици за населението и колапс во снабдувањето со вода за пиење, храна и електрична енергија.
Во такво сценарио руската војска потоа може да создаде хуманитарен коридор, паралелно со апел до цивилите безбедно да го напуштат градот.
Во најлош случај, московските трупи тогаш би ги гледале преостанатите луѓе како непријателски борци и соодветно би реагирале.
Слично на првата чеченска војна во средината на 90-тите, во која главниот град Грозни беше во голема мера уништен, посочуваат германските разузнавачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.