Свет
Германскиот министер за здравство: Нема рестрикции за вакцинираните и прележаните
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан вети дека нема да има нови рестрикции за вакцинираните граѓани во таа земја.
„ За вакцинираните и излекуваните, сигурно нема да има“ изјави Шпан за јавниот сервис АРД, одговарајќи на прашањето дали на есен ќе има ново ограничување.
Тој смета дека е разумно вакцинираните и излекуваните луѓе да можат да уживаат одредени предности.
Претходно, портпаролот на германската влада, Стивен Зајберт, рече дека вакцинираните луѓе можат да сметаат на заклучување само ако се појави нов вид на корона, кој би бил отпорен на вакцини.
„ Можам да им кажам на вакцинираните дека, иако бројките сега растат, нема да има промени. А истото важи и за излекуваните. Во услови на ширење на вирусот делта, вакцинираните луѓе не мора да сметаат на нови ограничувања“ рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.