Свет
Гутереш: Пандемијата е закана за меѓународниот мир и безбедност
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го предупреди Советот за безбедност на ООН дека пандемијата на коронавирус е закана за меѓународниот мир и безбедност „што потенцијално би можело да доведе до зголемени социјални немири и насилство, што во голема мерка би ја нарушило нашата способност да се бориме против оваа болест“.
Тој рече дека посебните итни ризици за глобалната безбедност се однесуваат на напорите за решавање на конфликтите кои во моментот се суспендирани поради пандемијата, терористите кои гледаат можност да нападнат во време на слабост и групи кои можат да ги увидат ефектите од биотерористичкиот напад.
Лидерот на ООН зборуваше на затворениот состанок на Советот за безбедност на Ковид-19. Советот е највлијателното тело на ООН и сè уште не се изјасни во пандемијата, објави АП.
Гутереш, чии коментари ги објави портпаролот на ООН, рекол дека вклученоста на Советот за безбедност ќе биде „клучна во ублажувањето на ефектите од пандемијата Ковид-19 врз мирот и безбедноста“.Тој додал дека „сигналот за единство и решеност на Советот ќе игра голема улога во ова вознемирувачко време“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.