Свет
Гладот во светот немилосрдно расте, предупредуваат експертите
Бројот на луѓе што се на работ на глад во 43 земји достигна 45 милиони бидејќи несигурноста со храна во светот нагло се зголеми, предупреди Светската програма за храна (WFP).
Скокот од 42 милиона на почетокот на годината на 45 милиони луѓе на кои денес им се заканува глад е последица на ситуацијата во Авганистан, каде што дополнителни три милиони лица се соочуваат со глад, соопшти агенцијата на ОН со седиште во Рим.
„Десетици милиони луѓе се на работ на бездната. Конфликтите, промените во политиките и Ковид-19 го зголемија бројот на гладни луѓе“, вели извршниот директор Дејвид Бисли.
„Последните бројки покажуваат дека 45 милиони луѓе се на работ на глад“, рече тој по патувањето во Авганистан, каде што Светската програма за храна им донесе помош на речиси 23 милиони луѓе.
„Цените на горивата растат, цените на храната вртоглаво пораснаа, ѓубривата стануваат поскапи, сите овие фактори поттикнуваат нова криза како онаа што сега се случува во Авганистан со веќе старите кризи, како оние во Јемен и Сирија“, рече тој.
За спречување на гладот во светот, потребни се седум милијарди долари, што е зголемување во однос на 6,6 милијарди долари на почетокот на годината.
Сепак, традиционалните механизми за финансирање се преоптоварени, предупредуваат ОН.
Од таму истакнуваат дека семејствата се исправени пред страшен избор: тие се принудени да склопуваат бракови на млади девојчиња, да ги повлечат децата од училиште или да ги хранат со скакулци или со лисја од кактус.
Медиумските извештаи од Авганистан предупредуваат дека семејствата се принудени да ги продаваат сопствените деца во очајнички обид да преживеат.
Многуте суши во Авганистан во комбинација со економскиот колапс тешко ги погодија семејствата.
Во Сирија 12,4 милиони луѓе не знаат како да го обезбедат својот следен оброк, а несигурноста со храна е најголема од почетокот на војната, се вели во извештаите.
Се додава дека гладот е присутен во Етиопија, Хаити, Сомалија, Ангола, Кенија и во Бурунди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.