Свет
Големи поплави во Индија – повеќе од 500.000 луѓе ги напуштија своите домови
Повеќе од 500.000 луѓе ги напуштија своите домови во индиската североисточна држава Асам поради големите поплави предизвикани од дождовите во кои седум лица се удавија, соопштија властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.
Една од најголемите реки во светот, Брамапутра, се излеа од коритото во Асам и поплави 1.500 села. Обилните дождови зафатија поголем дел од земјата.
„Погодени се повеќе од 500.000 луѓе, а ситуацијата со поплавите станува сè покритична од час во час“, изјави за „Ројтерс“ министерот за вода Пијуш Хазарика, додавајќи дека седум лица се удавиле во последните три дена.
Индиските војници спасија повеќе од 2.000 луѓе заробени во округот Хојаи, изјави министерот за здравство Кешаб Маханта. Се очекува дополнително зголемување на нивото на водата во Брамапутра, соопштија националните власти.
Ситуацијата и понатаму е исклучително сериозна во најтешко погодената област Дима Хасао, каде железничките и патните врски се прекинати поради поплави и лизгање на земјиштето.
Градовите на други места во Индија, особено главниот град Њу Делхи, се погодени од топлотниот бран, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.