Свет
Греј: Некои собири во Даунинг стрит е тешко да се оправдаат
Некои собири во канцеларијата и резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон за време на карантинот не требало да се случат, се наведува во истрагата на високиот државен службеник Сју Греј.
Таа во истрагата за собирите во Даунинг стрит изјавила дека некои од нив тешко се оправдуваат. Делови од извештајот не се објавени поради тековната полициска истрага, која може да трае со месеци.
„Некои од митинзите се сериозен пропуст кога станува збор не само за почитување на високите стандарди што се очекуваат од оние кои работат во срцето на владата, туку и за стандардите што се очекуваат од целото британско население во тоа време“, напиша Греј.
Според неа, и прекумерното консумирање алкохол во Даунинг стрит не е соодветно.
Во контекст на пандемијата, кога владата побара од граѓаните да прифатат далекусежни ограничувања во нивните животи, тешко е да се оправда однесувањето на тие собири, се вели во извештајот.
Од Греј беше побарано да го истражи одржувањето на повеќе од десетина собири, вклучително и забавата „донеси си пијалак“ во градината Даунинг стрит, која се одржа во време кога милиони Британци со месеци беа одвоени од пријателите и роднините поради ограничувањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.