Свет
Грција на генерален штрајк, јавните служби „на пауза“
Генералниот штрајк во Грција во кој граѓаните протестираат против владините мерки и економски политики ги паузираше јавните услуги, а застојот особено се почувствува во јавниот превоз, пренесе агенцијата „Анадолу“.
Денешните протести кои ќе се одржат во Атина и Солун ќе бидат во знак на поддршка на службениците од јавниот сектор и државниот синдикат АДЕДИ, на кои ќе се приклучат и приватниот синдикат ГСЕЕ, како и Грчката комунистичка партија.
Десетици летови беа откажани или одложени на меѓународниот аеродром во Атина, Елефтериос Венизелос, поради тоа што контролорите на летови се приклучија на генералниот штрајк во кој учествуваа три часа.
Со исклучок на итните служби, болниците, како и основните и средните училишта се затворени. Возовите и поморскиот превоз се комплетно откажани, вклучително и оние кои ги поврзуваат островите со копното. Автобусите и трамваите во Атина не работат.
На штрајкот се приклучија и новинарите, па така телевизиите не емитуваат вести, ниту, пак, се печатат весници.
Од 2010 година до сега Грција трипати има добиено финансиски заем преку евро-обврзници. Земјата работи на тоа да избегне банкрот со помош од Меѓународниот монетарен фонд, Европската Унија, како и Централната банка на Европа, од кои зеде кредит во износ од 260 милијарди евра.
Кон крајот на 2017 година Грција склучи договор со своите кредитори според кој се обврза да воведе реформи за да може да зема финансиски заем.
За возврат, левичарската влада има задача да ги покачи даноците, да воведе структурни реформи и построги закони за организирање штрајк, како и да ги намали пензиите — нешто што го разбесни Грците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.