Свет
Гувернер во Калифорнија фатен во луксузен ресторан откога ги повика луѓето да останат дома
Гавин Њусом, демократскиот гувернер на Калифорнија, беше фатен во луксузен ресторан на вечера со лобисти откога ги повика луѓето да oстанат дома поради пандемијата, пишува „Њујорк тајмс“.
Њусон бил виден во луксузен ресторан во долината Напа, каде што цените на оброците за лице се движат до 470 долари, а никој од собраните не носел маска, пишува весникот.
Ова се случува во време кога Калифорнија има еден од најголемите скокови на бројот на новозаразени од почетокот на пандемијата, а гувернерот и демократите повикаа на строго почитување на мерките – луѓето да останат дома и да бидат претпазливи.
#GavinNewsom seeks sympathy after f*king over his entire state for years & giving them the finger. https://t.co/jj1r8YMWfP pic.twitter.com/6y9JNZc5It
— Milo™ (@chasbottom) November 23, 2020
Гувернерот, кој беше со сопругата на вечера, се извини, нарекувајќи ја ситуацијата голема грешка.
Тој најприн рече дека вечерата се одржувала надвор, но на фотографиите се гледа маса во ресторанот и врата што води кон терасата.
„Духот на она што го проповедам цело време беше контрадикторен и морам да го признам тоа“, рече Њусом додавајќи: „Треба да проповедам и да практикувам, а не само да проповедам“.
Калифорнија во моментот се соочува со најголем пораст на новозаразени од почетокот на пандемијата. За само една недела, бројот се зголеми 51 процент и таа сојузна држава воведе некои од најригорозните ограничувања во цела САД. Ги затворија сите продавници и наредија маските да се носат и на отворено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.