Свет
„Гугл“ ги претстави новите навигациски мапи за таксистите во Кенија
Интернет-гигантот „Гугл“ ја објави својата нова опција моторбајк моуд на „Гугл мепс“ во Кенија, со што земјата станува првата африканска држава што ќе им овозможи гласовна навигација на возачите на мотори.
„За повеќе од милион Кенијци, бода-бода (такси-служби) се лесен и достапен начин за транспорт на луѓе и на продукти од едно до друго место“, велат од „Гугл“.
„Со новата опција моторбајк моуд на ‘Гугл мепс’, корисниците во цела Кенија сега ќе имаат можност да добиваат насоки и целосна навигација што ќе предлага рути што се поефикасни“, се додава во соопштението.
Бен Челуле, 24-годишен бода-бода возач во главниот град Најроби, ја поздрави оваа одлука на „Гугл“.
„Единственото нешто што нè спречува да пренесуваме одредени клиенти е недостиггот од навигациски систем. Доколку патот нема конкретно име, а вие сте нов во таа област, може да се изгубите“, изјави 24-годишниот возач.
„Гугл“ веќе ја има обезбедено оваа опција во азиските земји, како на пример во Индија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.