Свет
Далеку пред Трамп: кампањата на Бајден соборува рекорди во донации
Претседателската кампања во САД на кандидатот Џо Бајден во септември повторно го собори месечниот рекорд во донации.
Демократскиот кандидат вели дека просечната сума на донацијата е помала од 50 долари, пишува „Фајненшл тајмс“.
Тоа му дава голема финансиска предност во однос на Доналд Трамп во последните недели од трката за претседател на САД, пишува ФТ.
Изборниот штаб на Бајден објави дека располагаат со 432 милиона долари бидејќи рекордот од август беше надминат во септември кога беа собрани 364,5 милиони долари.
Републиканскиот национален комитет сè уште не објави колку донации се собрани за кампањата на Трамп во септември, но во август, со износ од 210 милиони, тој беше зад Бајден за речиси 150 милиони долари.
Минатиот месец републиканците објавија дека имаат 325 милиони долари донации за кампањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето на три лица во БиХ кои на Тикток објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Свет
Голем руски ракетен напад врз украинските централи, штетата е голема
Русија ги нападна термоцентралите и хидроцентралите во централна и западна Украина со проектили и беспилотни летала, во уште еден од серијата напади врз веќе оштетената енергетска инфраструктура, објави електроенергетскиот оператор „Укренерго“.
„Во масовен и комбиниран напад, руските сили повторно ги гаѓаа енергетските објекти во текот на ноќта“, објави Укренерго на Телеграм. Оштетени се термоцентралите и хидроцентралите во централниот и западниот регион“, додава операторот.
Според локалните власти и министерот за енергетика Герман Гелушенко, нападнати биле енергетските објекти во областа Камиаске во близина на градот Днепро и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Објектите за производство на електрична енергија беа нападнати со беспилотни летала и проектили“, рече Гелушенко.
Најголемата приватна енергетска компанија ДТЕК потврди дека биле нападнати три нејзини термоцентрали. Дистрибутерот на електрична енергија оваа недела објави дека ДТЕК изгубил околу половина од својот производствен капацитет.
Украинската армија објави дека соборила 58 од 60 лансирани руски беспилотни летала и 26 од 39 проектили.
Регион
Два силни земјотреси го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9 часот и 12 минути на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува Катимерини.
Двата земјотреси беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија Ефтимис Лекас на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, додека директорот на Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас рече дека причината што не е причинета материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.