Свет
Данскиот премиер се извини по незаконската наредба за убивање на сите визони поради епидемијата на коронавирусот
Одлуката за уништување на целата популација визони во Данска, откако кај нив беше откриен мутиран вид на Ковид-19, нема правна основа, призна премиерот на земјата неколку дена по наредбата за да го спречи неговото ширење кај луѓето, пренесува РТ.
Премиерот Мете Фредериксен минатата недела нареди уништување на 15-17 милиони визони кога СЗО соопшти дека разгледува извештаи според кои вирусот преминува од животни на луѓе.
„Дури и да ни се брзаше, требаше да ни биде целосно јасно дека е потребно нов закон, а не ни беше. Се извинувам поради тоа“, рече Фредериксен во парламентот.
Таа тврдеше дека минатата недела не знаел оти масовното убивање ќе биде незаконско и дека ова прашање се појавило за време на викендот.
Повикот на владата за колење на сите визони дојде на 4 ноември, но мерката беше спроведена без потребното законодавство, објавија локалните медиуми. Според данскиот закон, болеста мора да се најде кај животните или мора да се најде во заразено подрачје пред владата да наложи такво решение.
Според официјалните пресметки, околу 2,5 милиона визони веќе се убиени иако портпаролот на данската полиција изјави дека бројот, најверојатно, ќе биде поголем.
Во вторникот владата ја повлече својата оригинална наредба и испрати ново писмо до одгледувачите на визони, во кое се прецизира дека треба да се уништи визонот на фармите каде што бил присутен коронавирусот.
Одгледувачот на визони, Ервин Валебо, од данскиот град Глумсо веќе убил половина од своите животни во рок од една недела од првичната наредба.
„Тоа беа 32 години одгледувачка работа што исчезна со убиство“, рече тој.
Неговата загриженост ја повтори и колегата одгледувач на визони и претседател на Здружението на одгледувачи на крзно на Зеланд, Ен Мона Кулсо Ларсен, која рече „владата ни ја уништува егзистенцијата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето на три лица во БиХ кои на Тикток објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Свет
Голем руски ракетен напад врз украинските централи, штетата е голема
Русија ги нападна термоцентралите и хидроцентралите во централна и западна Украина со проектили и беспилотни летала, во уште еден од серијата напади врз веќе оштетената енергетска инфраструктура, објави електроенергетскиот оператор „Укренерго“.
„Во масовен и комбиниран напад, руските сили повторно ги гаѓаа енергетските објекти во текот на ноќта“, објави Укренерго на Телеграм. Оштетени се термоцентралите и хидроцентралите во централниот и западниот регион“, додава операторот.
Според локалните власти и министерот за енергетика Герман Гелушенко, нападнати биле енергетските објекти во областа Камиаске во близина на градот Днепро и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Објектите за производство на електрична енергија беа нападнати со беспилотни летала и проектили“, рече Гелушенко.
Најголемата приватна енергетска компанија ДТЕК потврди дека биле нападнати три нејзини термоцентрали. Дистрибутерот на електрична енергија оваа недела објави дека ДТЕК изгубил околу половина од својот производствен капацитет.
Украинската армија објави дека соборила 58 од 60 лансирани руски беспилотни летала и 26 од 39 проектили.
Регион
Два силни земјотреси го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9 часот и 12 минути на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува Катимерини.
Двата земјотреси беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија Ефтимис Лекас на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, додека директорот на Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас рече дека причината што не е причинета материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.