Свет
Двојниот мутант пристигна во Израел: со индискиот вид заразени 41 лице, некои биле вакцинирани
Во Израел се откриени 41 случај на индискиот вид коронавирус, познат и како двоен мутант.
Индискиот вид бил откриен кај четири лица што претходно биле вакцинирани, соопшти денеска израелското Министерство за здравство.
Од вкупниот број заразени, 24 од нив се вратиле од странство, а 17 биле заразени во земјата, но сите случаи на пренесување не се поврзани со патници, објави „Џерусалим пост“.
Исто така, меѓу заразените има пет деца, додаде Министерството за здравство.
Постојат стравувања дека тој вид може да биде делумно отпорен на вакцини поради што водачите на Министерството побараа владата да ги запре Израелците да патуваат во Индија, но апелираа да се запрат пристигнувањата од Индија, освен во ретки случаи.
Повеќето од заразените дошле во Израел од Индија, но некои дошле од други земји.
Сите патници што слетале при пристигнувањето докажале дека биле негативни на Ковид-19.
Министерството за здравство соопшти дека сè уште нема јасни информации за последиците од индискиот вид врз вакцинираните лица или луѓето што оздравеле од коронавирусот.
Професорот Еран Сегал, биолог од Институтот за наука „Вајцман“, за израелскиот весник изјави дека е рано да се алармира јавноста со новиот вид.
Тој додаде дека вакцината на „Фајзер“, најверојатно, е ефикасна против индискиот вид до одреден степен бидејќи клучните мутации на шилестиот протеин се познати и забележани кај други мутации.
„Ние веќе знаеме дека вакцините се ефикасни против нив. Сепак, не можеме да бидеме целосно сигурни, но верувам дека е многу веројатно вакцините да бидат ефикасни против индискиот вид“, рече Сегал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.