Свет
Девојка од Бангладеш тврди дека ја чуваат како роб и моли за помош преку „Фејсбук“
Куќна помошничка од Бангладеш, која работи во Саудиска Арабија, на „Фејсбук“ објави потресно видео во кое тврди дека била физички и сексуално злоупотребувана од нејзините работодавци и очајно моли да биде ослободена од тешкото ропство.
„Мислам дека нема да преживеам. Мислам дека ќе умрам. Ме претепаа и измачуваа. Ве молам спасете ме, само извадете ме од тука“, вели несреќната девојка во видеото.
Со солзи таа раскажува како саудиските работодавачи ја изгладнуваат, и истураат врз рацете зовриено масло и ја чуваат заклучена и по 15 дена. Притоа девојката ги покажува и изгорениците и лузните на рацете.
A Bangladesh maid has posted this emotional video claiming she was beaten and tortured by her employer in Saudi Arabia, and begging to return home.
Posted by Middle East Eye on Среда, 06 ноември 2019
Оваа млада жена сè уште живее со семејството за кое работи во саудискиот град Џеда, соопшти портпаролот на бангладешката невладина организација BRAC, која се обидува да ја врати во родната земја.
Активистот соопшти дека по испраќањето на видеопораката, телефонот ѝ бил одземен.
Владата на Бангладеш ја повика државната агенција за работа во странство да обезбеди безбедно враќање на девојката од Саудиска Арабија, што е можно поскоро.
Шокантното видео е најнов потсетник за често бруталната експлоатација и злоупотреба на сиромашните мигранти од Југоисточна Азија во богатите, но крајно репресивни монархии во Персискиот Залив, меѓу кои Саудиска Арабија е најголемата.
Суми Актер (25) изјави дека била изложена и на немилосрдни сексуални напади, како кај семејството каде сега се наоѓа, но и кај претходното.
Нејзиното семејство рече дека прави напори да ја донесе дома, но засега без успех.
Видеото, кое е споделено десетици илјади пати и прегледано милиони пати на „Фејсбук“, предизвика протести во Дака, главниот град на Бангладеш и протести против нехуманото постапување со работниците мигранти од таа земја, пренесува хрватски „Индекс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.