Контакт

Свет

Девојка од Хаваи, по еден месец, пронајдена жива во Мексико: таткото се самоуби при потрагата, се појавија нови детали

Објавено пред

Хана Кобајаши е пронајдена жива и здрава, соопшти нејзиното семејство. Хана исчезна пред еден месец по летот од Мауи за Лос Анџелес, што предизвика голема потрага по неа. Семејството беше убедено дека таа е киднапирана.

dobivaj vesti na viber

„Исклучително сме благодарни што Хана беше пронајдена жива и здрава“, изјавија сестра ѝ Сиднеј и мајка ѝ Бренди Ји.

„Изминатиот месец беше незамисливо тежок за нашето семејство и љубезно ве молиме за вашата приватност бидејќи одвојуваме време да закрепнеме и да го процесираме сето она што го преживеавме“, додаваат тие.

Изјавата беше објавена на платформата „Икс“ од страна на адвокатката на семејството, Сара Азари. Во соопштението не се наведува каде е пронајдена Кобајаши и како семејството утврдило дека таа е безбедна.

За потсетување, Хана Кобајаши се сметаше за исчезната три недели откога со авион од Мауи слета во Лос Анџелес, а полицијата во Лос Анџелес пред една недела објави дека Хана доброволно исчезнала.

На прес-конференција, директорот на полицијата, Џим Мекдонел, изјави дека кога Хана слетала во Лос Анџелес, била сама, имала багаж и не изгледала повредено.

„Нејзиното семејство е веќе известено дека добивме снимка од видеонадзор од американско-мексиканскиот граничен премин, на која се гледа како Хана ја преминува границата пеш“, рече тој.

Кобајаши пристигнала на аеродромот во Лос Анџелес на 8 ноември по што требало да се качи на лет за Њујорк, на кој не се појавила, а тоа во полиција го пријавила сестра ѝ.

Семејството немало контакт со 30-годишната Кобајаши од 11 ноември, а четири дена подоцна полицијата објави потрага по исчезнато лице заедно со нејзините фотографии. Во меѓувреме, се појавија фотографии и видеа од Кобајаши снимени меѓу 8 и 11 ноември, на кои таа е видена на разни локации во Лос Анџелес.

Таа исто така беше снимена како го зема својот багаж на аеродромот во Лос Анџелес, кој побара да ѝ биде вратен од Њујорк. Потоа Хана останала во Лос Анџелес додека на крајот не ја преминала границата и не влегла во Мексико на 12 ноември попладне.

Мекдонел рече дека не се пронајдени докази оти била жртва на трговија со луѓе или дека била вклучена во криминални активности и дека има право на својата приватност. Од друга страна, тој нагласи дека ја разбира загриженоста на нејзиното семејство, кое со недели не знаело што се случува со Хана.

Пред да замине од Мауи, Хана изразила желба да побегне од модерната технологија, изјави полициски поручник за „Фокс њуз“. Полицијата ја замолила Хана да стапи во контакт со семејството, кое било информирано за сè што се случило. На тој начин направија сè што можеа, нагласи Мекдонел.

Мекдонел изрази сочувство и за смртта на Рајан Кобајаши, таткото на Хана, кој по тринаесет дена потрага по Хана, изврши самоубиство. Семејството собра повеќе од 47.000 долари преку платформата GoFundMe. Парите на крајот ќе бидат искористени за погребот на татко ѝ.

Свет

Канцеларијата на Нетанјаху го обвини Хамас дека се повлекува од делови од договорот за да се обиде да „изнуди отстапки“

Објавено пред

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот соопшти дека неговиот уред нема да се состане за да го одобри договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на десетици заложници додека Хамас не се откаже од она што го нарече „криза во последен момент“, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Канцеларијата на Нетанјаху го обвини Хамас дека се повлекува од делови од договорот за да се обиде да „изнуди отстапки во последен момент“. Не беа дадени дополнителни детали. За потсетување, израелскиот кабинет денеска требаше да го ратификува договорот.

Американскиот претседател Џо Бајден и клучниот посредник Катар вчера го објавија договорот. Според него, 33 заложници ќе бидат ослободени во следните шест недели во замена за ослободување на стотици палестински затвореници и израелско повлекување од многу делови на територијата.

Во израелските напади низ Појасот Газа во изминатиот ден загинаа најмалку 48 лица. За време на претходните конфликти, двете страни ги интензивираа воените операции во последните часови пред да стапи на сила прекинот на огнот за да покажат сила.

Прикажи повеќе...

Свет

Кандидатот на Трамп за министер за надворешни работи: И Русија и Украина ќе мора да се откажат од нешто

Објавено пред

Марко Рубио, кандидат за државен секретар во кабинетот на Доналд Трамп, ги претстави своите ставови за клучните надворешнополитички прашања за време на сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот. Меѓу главните теми беа војната во Украина, односите на САД со Кина и улогата на САД во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Рубио изјави дека војната во Украина е влезена во ќор-сокак и мора да заврши, нагласувајќи дека Русија нема да успее да ја окупира цела Украина ниту пак Украина ќе може да ја врати целата своја територија под руска контрола. Тој нагласи дека за постигнување мировен договор ќе бидат потребни отстапки од сите страни, вклучувајќи ги Русија, Украина и САД.

 

Рубио ја поддржа визијата на новоизбраниот претседател Трамп, кој ги става американските национални интереси на прво место. Трамп постојано ветуваше дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата, а истовремено повикуваше на намалено американско учество во Украина и НАТО.

Претпазливоста во водењето на надворешната политика не значи напуштање на нашите вредности“, рече Рубио. „Ставањето на нашите основни национални интереси над сè друго не е изолационизам, туку здраворазумска одлука“, рече тој.

Рубио упати остри критики за Кина, обвинувајќи ја кинеската Комунистичка партија за злоупотреба на глобалниот поредок, крадење на интелектуална сопственост и доминација на клучните глобални ресурси. Тој истакна дека Кина го претставува најголемиот ривал на Соединетите држави и предупреди на нивните амбиции да ги контролираат глобалните резерви на критични минерали.

Рубио ги повика европските земји да престанат да ја користат американската поддршка за НАТО како изговор за трошење за сопствените домашни потреби. Тој ја истакна потребата да се зајакне одговорноста на европските сојузници во одбраната.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски и порача на Европа дека без Украина нема шанси против Русија

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја предупреди Европа дека без Украина „нема шанси“ против Русија.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека победата на Украина е од витално значење за запирање на Кремљ пред да го нападне остатокот од Европа.

„Европа без украинската армија нема да може да се справи со руската армија бидејќи таа е бројно супериорна. Русија има повеќе оружје, повеќе луѓе и е посурова од Европејците“, изјави Зеленски за полскиот медиум Онет.

Зеленски рече дека западните сојузници на Украина не ја сфаќаат големината на експанзионистичките амбиции на рускиот претседател, кои нордиските и балтичките земји.

„Западот не сака да ја признае единствената вистина за Русите, а тоа е дека тие ќе одат понатаму. Во тој факт се содржани одговорите на сите прашања. Зошто да не ја зајакне Украина што е можно повеќе, да го зголеми нејзиното домашно производство за вооружените сили“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Македонија2 часа

Дрин Ахмети во Ролс Ројс, Мијалков во Ферари, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од ВЛЕН

„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како...

Свет2 часа

(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, на големо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“

И американскиот претседател во заминување Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја преземаат заслугата за решавање на кризата во...

Македонија2 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови

Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4...

Европа4 часа

Путин игра на картата крај на војната: услови за Украина, кои би означиле траен крај на конфликтот

Русија ќе бара Украина драстично да ги намали воените врски со НАТО и да стане неутрална држава со ограничена армија...

Свет4 часа

(Видео) Израелскиот претседател Исак Херцог се огласи по договорот со Хамас: „Ова не е едноставна ситуација“

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави вчера вечер дека постигнатиот договор со палестинскиот Хамас е „важен чекор“ и е неопходен за...

Свет5 часа

Трудо за одговорот на царините на Трамп: Ништо не е исклучено

Канада ќе ги разгледа сите можни опции, вклучително и контратарифи, доколку новиот американски претседател Доналд Трамп не се откаже од...

Свет5 часа

(Видео) Бајден одржа проштален говор, предупреди за создавање опасна олигархија

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот проштален говор предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со...

Свет14 часа

Семејствата на заложниците се задоволни од договорот за прекин на огнот, но стравуваат од можноста да не биде целосно имплементиран

Семејствата на израелските заложници со радост и олеснување ја дочекаа веста за договорот помеѓу Израел и Хамас со кој ќе...

Свет15 часа

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за...

Свет16 часа

(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците...

Свет17 часа

Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот

Претставник на Хамас и уште еден висок функционер изјавиле за „Скај њуз“ дека е постигнат договор за прекин на огнот...

Свет17 часа

Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во...

Македонија21 час

Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат...

Македонија21 час

Во некои министерства има притисоци вработените да не излегуваат на протест за поголема плата, Деановски ќе ги каже до крајот на неделата

Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување...

Топ23 часа

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва

Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери...

Економија24 часа

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и...

Топ1 ден

(Фото) Уапсен 30-годишен скопјанец: при претрес пронајдена дрога, пиштол, пари

Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Спорт1 ден

Почина Александар Јовиќ

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ. Александар Јовиќ е роден во...

Македонија1 ден

ДУИ: Од првиот ден на мандатот Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во ИЈЗ

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која, како што...