Свет
Делта-сојот е најбрза и најопасна варијанта на коронавирусот, категорични се водечките виролози
Делта-сојот е најбрзата, најиздржлива и најопасна верзија на коронавирусот со која е соочен светот, тврдат виролози и епидемиолози.
Вакцините и понатаму нудат многу силна заштита во одбрана од тешки инфекции и хоспитализации предизвикани од која било верзија на коронавирусот, а оние кои се изложени на најголем ризик се сè уште невакцинираните, истакнуваат десет водечки експерти за Ковид-19, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Главната грижа за делта-варијантата, која за првпат беше идентификувана во Индија, не е тоа што луѓето имаат потешки симптоми, туку дека многу полесно се шири од личност до личност, со што се зголемуваат бројот на инфекции и хоспитализации кај невакцинираните.
Постојат сè повеќе докази дека овој сој е способен да зарази сè поголем број на целосно вакцинирани лица, за разлика од претходните верзии и постои загриженост дека тие можат да го шират вирусот понатаму, тврдат овие експерти.
„Најголемиот ризик за светот во моментот е делта-варијантата“, посочува микробиологот Шерон Пикок, кој ги предводи британските напори за секвенционирање на геномот на варијантите на коронавирусот, нарекувајќи го делта-сојот најиздржлива и најбрза варијанта досега.
Експертите потсетуваат дека постојано се развиваат мутации на вирусите и се појавуваат нови варијанти кои понекогаш се поопасни од оригиналните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.