Свет
„Дејли мејл“ открива мултимилионски заговор да се спречи брегзит за 6 месеци, финансиран од Сорос
Тајни документи до кои дојде и ги објави британски „Дејли мејл“ откриваат дека групата „Најдобро за Велика Британија”, финансирана од странски земји, планира да потроши 5,6 милиони фунти за поткопување или поништување на одлуката на британските гласачи да ја напуштат Европската Унија.
Групата, поддржана од милијардерот Џорџ Сорос, кој се залага за отворени граници, ќе започне шестмесечна кампања која вклучува масовно рекламирање и пропаганда на социјалните медиуми и турнеја на еврофилските политичари. Групата веќе има собрано 2,4 милиони фунти и бара дополнителни 3,2 милиони фунти од богатите странските донатори за да се вмешаат во британската политика, велејќи им: „Имаме помалку од шест месеци за да го спречиме брегзит”.
Тие имаат за цел да ги убедат пратениците да гласаат против договорот за брегзит на премиерката Тереза Мај, без разлика што е договорено со него, тврдејќи дека не гласале за тоа и ќе се обидат да ги мобилизираат левичарските синдикати во убедувањето на лабуристите да не го поддржат брегзит. Според документот на 26 страници, тие ќе тврдат дека брегзит ќе претставува ризик за национална безбедност, ќе го обвинуваат брегзит за намалување на финансиските средства во локалните совети и ќе тврдат дека оние што гласале за излез од ЕУ, а не Брисел, ја отфрлаат вестминстерската политика.
„Сега е обелоденет циничниот план да се манипулира со британскиот гласач и да се запре брегзит. Оние што гласаа за излез од ЕУ ќе бидат згрозени што Џорџ Сорос мисли дека може со своето богатство да го одреди правецот на нашата голема земја. Повеќето што гласаа за останување во ЕУ сега само сакаат сето ова да помине. Моите колеги во парламентот, без разлика дали биле за напуштање или останување во ЕУ, мора да го осудат овој безобразен обид да се поткопа нашата демократија. Оние пратеници кои сакаат да го разложат или одложат брегзит сега мора да признаат дека нивното значаен глас е обиечн план да се запре брегзит, како што овој документ недвосмислено покажува ,”коментираше поранешниот министер во кабинетот, Овен Патерсон.
Ричард Тајс од групата „Лив минс лив“, која се бори за излез од ЕУ, вели:
„Џорџ Сорос, милијардерот кој не живее во Велика Британија, и неговите елитистички пријатели нема да застанат пред ништо во обидот да го спречат брегзит, измамнички маскирајќи ги своите планови како глас на народот. Тие срамно сакаат да им ги одземат на најсиромашните меѓу нас придобивките од брегзит. “
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.