Свет
Директорот на „Етиопијан ерлајнс“ откри што пријавил пилотот пред трагичната несреќа
Пилотот на „Етиопијан ерлајнс“ имал тешкотии со управувањето на авионот непосредно пред „боингот 737 макс 8“ да се урне на подрачјето на гратчето Бишофт, 62 километра југоисточно од Адис Абеба, рече извршниот директор на авиокомпанијата за Си-ен-ен.
На снимката од разговорот на пилотот со контолата на летање се слуша дека пилотот имал тешкотии со управувањето на авионот, па побарал да се втати назад.
„Пилотот добил дозвола да се врати на аеродромот, но набргу леталото исчезнало од радарот“, изјави извршниот директор, Теволд Гебремаријам.
Тој за Си-ен-ен рече дека сите пилоти на „Етиопијан ерлајнс“ добиле дополнителна обука за постапките за време на летот, која вклучувала и информации за процедурите воведени по падот на „737 макс 8“ од авиокомпанијата „Лајон ер“.
„Сличностите меѓу двете катастрофи се значајни“, рече Гебремаријам.
„Во двата случаја се работеше за нови модели од истиот авион, и двата лета траеа само неколку минути пред авионите да се урнат“, констатира тој.
Портпарол на „Етиопијан ерлајнс“ во врска со случајот денеска изјави дека црната кутија од авионот што се урна во неделата ќе биде испратена на анализа во странство, но и натаму не е одлучено во која земја.
Портпаролот за агенцијата АП изјавил дека Етиопија нема капацитет да ги анализира снимките од последните летачки параметри, но дека компанијата има широк спектар на опции каде да ја испрати кутијата.
Во последните шест месеци два авиона „боинг 737 макс 8“ се урнаа набргу по полетувањето. Во авионската несреќа што се случи на 10 март авион од овој тип по полетувањето од Адис Абеба се урна, при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот, а во октомври минатата година „боинг“ на компанијата „Лајон ер“ се урна во Јаванското Море, при што загинаа 189 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.