Свет
Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун
Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми.
Според информациите, состанокот, кој е подготовка за директни разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким, се одржал околу 1 април, изјавиле неименувани официјални претставници.
Трамп претходно алудира на директни разговори на високо ниво со Пјонгјанг. Но, овој неочекуван и таен состанок ќе го одбележи највисокото ниво на американскиот контакт со Северна Кореја од 2000 година.
„Имавме директни разговори на екстремно високо ниво“, изјавил Трамп од Флорида, каде што е домаќин на јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Претседателот додал дека тој дал свој благослов за разговорите меѓу Југот и Северот за да разговараат за мировен договор.
Јужна Кореја исто така сигнализира дека може да продолжи со формалното решавање на конфликтот. Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, треба да се состанат кон крајот на април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Еди Рама оттурна новинарка, не му се допадна прашањето што му го постави
Албанскиот премиер Еди Рама за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.
Како што пренесува „Газета10“, Еди Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ откако таа му поставила прашање.
Наводно, новинароката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.
После тоа дошло до физички контакт, а се се случило додека бил опкружен со новинарски екипи.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
– Ве молам, не ме допирајте повеќе – реккла новинарката додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува Блиц.
Свет
Во Мексико нападната шефицата на полицијата на автопат, ѝ ја отсекле главата
Мексиканските власти вчера објавија дека една шефица полицајка и нејзините двајца помошници биле убиени при напад на автопат во државата Мичоакан. Агенцијата за државна безбедност на социјалните мрежи објави дека тројца полицајци биле убиени за време на должноста во неделата вечерта, пишува „Си-би-ес њуз“.
Меѓу нив беше и Кристал Гарсија Хуртадо, регионален полициски командант. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите ѝ ја отсекле главата.
„Го осудуваме кукавичкото убиство на нашите колеги од полицијата, кои беа брутално нападнати додека ја извршуваа својата должност“, се вели во објавата на социјалните мрежи, во која се идентификувани другите две жртви како Ицел Мадеро Лареа и Давид де Хесус Еспиноза Валдез.
Нападот се случил на автопатот што ги поврзува градовите Пацкуаро и Уруапан. Државното обвинителство на Мичоакан, кое ја води истрагата, веднаш не го коментира инцидентот. Мичоакан има голем проблем со конфликтите меѓу бандите. На почетокот на овој месец тројца земјоделци беа разнесени со бомба.
Тоа се случи само неколку дена откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор призна дека импровизирана експлозивна направа убила најмалку четворица војници, во, како што рече, стапицата што веројатно ја поставил картелот Мичоакан. Во февруари двајца кандидати за градоначалник на градот Мараватио беа убиени за неколку часа еден од друг.
Свет
Лојд Остин: Нема да дозволиме Украина да пропадне
Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, на состанокот на контакт-групата за одбрана на Украина изјави дека Вашингтон нема да дозволи Украина да пропадне.
„САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне“, рече Остин на почетокот на состанокот на претставниците на 50-те земји, кои обезбедуваат воена помош за Украина, пренесува „Ројтерс“.
Средбата се одржува во американската воена база во Рајмштајн, Германија.