Свет
Директор за зоолошка градина убил џуџести кози и ги послужил на гости
Ексдиректор на зоолошка градина убил четири пигмејски кози, па ги послужил на божиќна забава. Животните наводно биле заклани и сварени во просториите на зоолошката градина.
„Овие четири животни беа заклани и зготвени во просториите на зоолошката градина, а потоа беа послужени на божиќната забава“, изјави Фернандо Руиз Гутиерез, директор на одделот за диви животни.
Тој го обвини тогашниот директор на зоолошката градина, Хозе Рубен Нава, кој беше сменет од позицијата директор на зоолошката градина на 12 јануари откога во зоолошката градина пцовисаелен.
Инспекторите во вторникот рекоа дека некои од животните наводно биле продадени, тргувани или изедени по налог на Нава, објави „Гардијан“.
Според податоците на државниот сектор за животна средина, Нава наводно продавал елени и добиток на приватни лица, без соодветно книговодство.
#Guerrero | Organizan festín en el zoológico de #Chilpancingo: ¡COCINARON A LAS CABRAS! 😳
Fueron los mismos trabajadores quienes confesaron lo que pasó cuando se realizaba una auditoria en el lugar; varios animales han "desaparecido".
El reporte de Uriel Bello. pic.twitter.com/eiZDoz3ar0
— Fuerza Informativa Azteca (@AztecaNoticias) February 1, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.