Свет
Дожд заврна во источна Австралија, во Канбера воздухот се уште опасен
Во австралиското југоисточно крајбрежје, каде дивеат пожари заврна дожд и имаше поблаги временски услови, но во Камбера квалитетот на воздухот и натаму е на животно опасна зона поради чадот предизвикан од околните пожари.
Галериите, музеите, парковите, деловните простори и универзитети во градот се затворени, некои летови се откажани, а квалитетот на воздухот во австралискиот главен град се уште е најлош во светот, според податоците за квалитет на воздухот „Ај Кју Ер Висуала“.
Властите им порачаа на граѓаните да останат во своите домови, бидејќи во центарот на градот индексот за квалитетот на воздухот е 1400, според податоците на министерството за здравство. Се над 200 се смета за опасно, се додава во извештајот.
Министерството за внатрешни работи, кое е одговорно за координацијата во случај на катастрофа, на граѓаните им порача да останат дома 48 часа поради лошиот квалитет на воздух.
Во најтешко погодениот град Нов јужен Велс беснеат 140 пожари, но сите се на најнизок степен на опасност. Доздот донекаде им олесни на пожарникарите, но не беше доволен за да ги спречи големите и опасни пожари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.