Свет
Еврејска група тужи бразилски карикатурист поради карикатура на Нетанјаху и Болсонаро
Еврејската заедница во Бразил го тужи славниот политички карикатурист Ароира за антисемитизам поради карикатура што ги прикажува бразилскиот претседател, Јаир Болсонаро, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во „прегратка-свастика”, пренесува РТ.
Еврејската федерација на Рио де Жанеиро поднесе тужба против Ароира на 15 јануари. Навредливата карикатура ги прикажува двајцата лидери прегрнати со затворени очи додека нивните раце формираат свастика.
Двајцата лидери воспоставија срдечна врска откако десничарот Болсонаро дојде на власт по тензичните избори во октомври, а Нетанјаху присуствуваше на неговата инаугурација. Во меѓувреме, Болсонаро вети дека ќе ја премести бразилската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и повторно го потврди правото на Израел да го прогласи градот за свој главен град.
Првично објавена во „О Диа“, карикатурата во декември беше масовно споделена на социјалните мрежи. Критикувајќи ја во едно популарно бразилско ТВ-шоу минатиот викенд, претседателот на Еврејската федерација, Арнон Велмовицки, рече: „Ова прашање ќе се следи со сериозност. Не можеме да го толерираме навредувањето на Евреите и на другите малцинства “.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник затрупани 13 лица
Во Амурската област, на рускиот далечен исток, воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“, во областа Зеја, каде 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопштија од тој регион.
„Во Амурската област е воведена регионална вонредна состојба поради инцидентот во рудникот Пионир во областа Зеја со цел да се мобилизираат сите сили и ресурси. Оваа одлука е донесена на вонредна седница што ја одржа регионалниот гувернер“, се вели во соопштението на локалната самоуправа.
Претставник на службата за вонредни состојби за РИА Новости изјави дека во рудникот во моментот на уривањето имало 13 лица. Групата спасувачи, главно од Руската Република Јакутија, се состои од 25 вработени, а со нив пристигнале и четири парчиња опрема.
Покрај тоа, хеликоптерот Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации полета од територијата Хабаровск до местото на несреќата, пренесува Интерфакс. Од оперативните служби за Интерфакс велат дека, според првичните информации, луѓето се на длабочина од 100 до 150 метри, а засега нема информации за можни жртви.
Свет
Силен земјотрес го погоди Пакистан
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации за жртви, а не се знае и колкава е штетата предизвикана од земјотресот.
Свет
Дваесет загинати во израелски воздушни напади
Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа, соопштија здравствените власти во енклавата.
Тие додадоа дека во Рафах, на југот на енклавата, каде во моментов се наоѓаат над милион Палестинци, 14 лица загинаа, а десетици други се ранети во нападите што погодија неколку куќи и станови.
Уште шест лица загинаа во вториот воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, додадоа официјални лица.
Деир Ал Балах, град во централниот дел на Појасот Газа, на околу 14 километри јужно од градот Газа, исто така беше бомбардиран во текот на ноќта, јавува Ројтерс.
Од почетокот на израелската агресија врз Газа, според Министерството за здравство во Појасот Газа, загинале повеќе од 31.000 луѓе.
Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, во понеделникот отиде во Катар за да ги продолжи преговорите за привремен прекин на огнот и ослободување на израелските заложници во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.