Европа
Европскиот суд ѝ нареди на Италија да ѝ исплати оштета на Аманда Нокс
Европскиот суд за човекови права ѝ нареди на Италија да ѝ исплати оштета на американската студентка Аманда Нокс, која со години живееше во сенката на убиството што не го извршила.
Судот пресуди во четвртокот дека правата на Нокс биле прекршени кога била уапсена за убиството на нејзината цимерка Мередит Керчер во 2007 година, како и дека Италија мора да ѝ исплати 18.400 евра поради тоа што на Нокс не ѝ бил обезбеден адвокат и преведувач по нејзиното апсење.
Но, судот исто така не најде докази да го поткрепи тврдењето на Нокс дека не била третирана соодветно додека била во притвор.
Случајот на Нокс привлече светско внимание пред таа конечно да биде целосно ослободена од обвиненијата во 2015 година. Сепак, таа се соочува со тригодишна казна за лажно обвинение на друго лице за убиството, кое подоцна се испоставило дека има алиби.
Европскиот суд за човекови права рече во својата пресуда дека преведувачот што ѝ бил обезбеден на Нокс не се однесувал соодветно, што според судот го компромитирал процесот и довело до прекршување на правата на Нокс.
Италија има три месеци да се жали на одлуката на судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.