Свет
Европските лидери со надеж дека ќе избегнат катастрофа од американското повлекување од НАТО
Европските лидери во пресрет на самитот на НАТО во Брисел стравуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи со заканите за повлекување на американската воена заштита за сојузниците и покрај уверувањата од високи претставници, како министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис.
Висок претставник на НАТО за Си-ен-ен изјавил дека членките на алијансата се подготвуваат за најлошото сценарио на самитот, а тоа е дека Трамп ќе ја повтори заканата за крај на соработката со НАТО-сојузниците поради тоа што не успеале да ја постигнат целта, а тоа е да издвојуваат по најмалку 2 процента од БДП за одбрана до 2014 година.
Many countries in NATO, which we are expected to defend, are not only short of their current commitment of 2% (which is low), but are also delinquent for many years in payments that have not been made. Will they reimburse the U.S.?
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 10, 2018
Трамп беше пречекан со остри реакции од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој го обвини дека речиси секојдневно ја критикувал Европа.
Dear @realDonaldTrump. US doesn’t have and won’t have a better ally than EU. We spend on defense much more than Russia and as much as China. I hope you have no doubt this is an investment in our security, which cannot be said with confidence about Russian & Chinese spending 🙂
— Donald Tusk (@eucopresident) July 10, 2018
„Почитувана Америко, почитувајте ги сојузниците и по сè, немате толку многу“, напиша Туск на „Твитер“.
Туск додаде дека ЕУ потрошила повеќе од Русија за одбрана, односно исто колку и Кина. Претседателот на Европскиот совет рече дека САД нема да имаат подобар сојузник од ЕУ потсетувајќи го американскиот претседател дека европските трупи исто така се бореле и загинале во Авганистан по нападите на САД на 11 септември 2001 година.
Трамп, пак, од своја страна, оценува дека состанокот на НАТО би можел да биде потежок од самитот со рускиот претседател, Владимир Путин, следниот месец во Финска. Неговата главна забелешка е дека сите членки на НАТО сè уште не ги зголемиле своите буџети за одбрана и дека целиот товар го носат САД.
Од 29 членки на алијансата, само пет ја постигнале целта годинава – САД, Грција, Естонија, Британија и Летонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.