Свет
Египет гради нов главен град кој ќе го замени Каиро
Египет гради нов главен град кој ќе го замени Каиро. Тој ќе има ,,паметен сообраќаен систем”, огромен зелен простор поголем од централниот парк во Њујорк, мега-центар и ќе обезбеди домување за 6,5 милиони луѓе. Во рамен дел на пустината помеѓу реката Нил и Суецкиот канал, се гради нов град кој што еден ден ќе го замени древниот Каиро како главен град на Египет.
Новата метропола во моментов е џиновска градежна зона, но работата напредува со неверојатна брзина. Таа е планирана да биде поголема од Сингапур и на крајот ќе биде дом на 6,5 милиони луѓе.
Владата планира да префрли 34 владини министерства – вклучувајќи го и претседателскиот комплекс – во новиот главен град во јуни следната година, само четири години по објавувањето на проектот од страна на претседателот Абдел-Фатах ел-Сиси.
Официјални лица го опишуваат новиот административен центар, кој сè уште не е именуван, со низа суперлативи.
Тоа ќе биде најстариот високотехнолошки град во земјата, дом на највисоката кула во Африка и најголемото минаре во Египет и највисокиот црковен столб.
Поранешниот бригаден генерал Калед ел-Хусеини Солиман, меѓународен координатор за урбанизација, кој го надгледува проектот вели дека со него ќе се создаде ,,првиот паметен град во Египет”. Меѓу другите карактеристики ќе биде и поставувањето на сензори кои ќе пријавуваат чад или пожари на итните служби, а ќе има и ,,паметен систем за сообраќај”.
Новиот град, исто така, ќе се пофали со огромен зелен простор поголем од централниот парк во Њујорк, мега-центар, станбени области, научен и технолошки кампус и културен комплекс со оперска куќа, театри и кино.
Новата црква загрзано се гради, а хотелот Ал Маса, кој е во сопственост на војската, беше отворен минатата есен.
Иако владата соопшти дека продажбата на земјиште ќе ги надомести трошоците за проектот, аналитичарите ја доведуваат во прашање мудроста за изградба на нов град во време кога сиромашните и средната класа се погодени од нови даноци, висока инфлација и укинувањето на владините субвенции за енергија.
,,Владата троши десетици милијарди долари за ова, а истовремено им вели на гражаните дека мораат да ги затегнат ремените, со што се испраќа контрадикторна порака”, вели Тимоти Калдас, студент на Институтот за блискоисточна политика Тахрир во Каиро.
Идејата за изградба на градовите во пустината не е нова. Пред четириесет години, Садат Сити бил изграден со цел да стане просперитетен урбан центар помеѓу Каиро и Александрија. Градот во моментов има околу 150.000 жители.
Каиро е во подем, неговите предградија се преполни од новите жители кои доаѓаат од внатрешноста ан Египет во потрага по работа и егзистенција. Тој е веќе двојно поголем од Њујорк и дом е на околу една петтина од 97 милиони луѓе во Египет и не е само политички центар на земјата, туку и негово културно срце.
Сепак, неговата брза експанзија исто така ќе значи и негово пропаѓање.На египетската држава многу одамна и требаше ваков проект”, коментираат во земјата. рече Солиман. “Можеме да зборуваме за Каиро како главен град кој е полн со сообраќаен метежи, но инфраструктурата не може да апсорбира повеќе луѓе, коментираат официјални лица во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.