Свет
Експретседателот на Пакистан Первез Мушараф осуден на смрт
Специјалниот суд на Пакистан го осуди поранешниот претседател на оваа земја Первез Мушараф на смртна казна, во големиот судски случај за велепредавство.
„Первез Мушараф е прогласен за виновен по член 6 за кршење на Уставот на Пакистан“, соопшти судот.
На Мушараф му се судеше за предавство бидејќи, како што се наведува, вовел вонредна состојба во 2007 година, укинувајќи го Уставот, а со цел да остане на власт.
Му се судеше во отсуство бидејќи пред неколку години го напушти Пакистан поради лекување и ја дочека пресудата во тешка состојба во болница во Дубаи.
Pervaiz Musharaf’s important message — recorded just now — he seems at a very very critical condition ! May Allah give him health pic.twitter.com/F5OqsFRWHS
— Kamran Shahid (@FrontlineKamran) December 3, 2019
Тој од болнички кревет порача дека смета оти судењето било нефер бидејќи се одиграло без него, но и поради тоа што чесно ѝ служел на својата земја. Видеоснимката од Мушараф ја објавија пакистанските медиуми.
Мушараф дојде на власт со државниот удар во 1999 година, а на функцијата претседател беше од 2001 до 2008 година. Во 2016 година му беше дозволено да го напушти Пакистан заради лекување во Дубаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа
Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.
За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.
На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.