Свет
ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата
Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од пандемијата на коронавирусот и новиот предлог за седумгодишен буџет, кој со планот е тесно поврзан.
ЕК на својата редовна седница ќе ги усвои предлозите, а веднаш потоа со нив ќе бидат запознаени сите претставници на земјите членки.
Во 13.30 часот почнува пленарната седница на Европскиот парламент, на која претседателката на Комисијата ќе ги претстави предлозите на пратениците и на пошироката јавност.
Пред две недели Урсула вон дер Лаен ги претстави ревидираниот предлог седумгодишен буџет на ЕУ и планот за заздравување од коронавирусот. Таа не наведе ниту една конкретна бројка, но нагласи дека инструментот за заздравување ќе биде комбинација од заеми и бесповратна помош.
Таа објасни дека пакет-мерките ќе се состојат од два дела – повеќегодишен буџет и инструменти за заздравување, кои ќе се финансираат преку задолжување на пазарите на капитал со гаранција на државите членки.
Новиот седумгодишен буџет е наменет за период од 2021 до 2027 година. Со оглед дека средствата од новиот буџет ќе бидат на располагање дури од 1 јануари в година, се очекува дека Комисијата ќе предложи и некое решение за да се премести овој период до крајот на годината и да им помогне на економиите таму каде што е најпотребна и најитна помошта.
Конечната одлука за тие предлози е на земјите членки, кои мораат едногласно да се договорат, и на Европскиот парламент, кој мора да даде согласност на договорот на земјите членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината
Кинеската вселенска агенција ги прави последните подготовки за испраќање на екипажот Шенжу-18 во ниската орбита на Земјата, како дел од нејзината вселенска програма која има за цел да испрати луѓе на Месечината до 2030 година.
Кинеската вселенска агенција за екипаж (CMSA) на денешната прес-конференција претстави тројца астронаути, командант Је Гуангфу, кој беше дел од мисијата Шенжу-13 2021, Ли Конг и Ли Гуангсу, кои за прв пат ќе одат во вселената, пренесува CRI. .
Вселенското летало со тројца луѓе се очекува да полета во четврток во 20:59 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Џиукван во пустината Гоби во северозападна Кина.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Регион
Девојка која исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.