Свет
Ердоган: Брисел ги игнорира напорите на Анкара
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска им рече на амбасадорите на ЕУ дека блокот не обезбедил значителна поддршка во борбата против миграцијата и не возвратил на напорите на Турција за подобрување на односите.
Обраќајќи им се на амбасадорите на ЕУ на состанокот во Анкара, Ердоган рече дека Турција сака да воспостави врски со блокот на поцврсти основи, но дека претрпе тактика на одолжување.
„Со тага можам да кажам дека на овие чекори не го добивме одговорот што го сакавме од ЕУ“, истакна турскиот претседател.
Тој посочи дека Турција не добила значителна поддршка од ЕУ во борбата против миграцијата.
Ердоган истакна дека нема да биде можно да се има продлабочена соработка за ова прашање додека не се ажурираат условите од договорот од 2016 година.
„Кризата во Белорусија уште еднаш покажа дека блокот е лишен од одржлива политика во борбата против миграцијата“, додаде тој мислејќи на спорот меѓу Минск и ЕУ за неколку милиони мигранти заглавени на нивните граници.
Врските меѓу Анкара и блокот достигнаа точка на вриење во 2019 година поради спорот меѓу Турција и Грција, членка на ЕУ, за поморската јурисдикција и правото на крајбрежни енергетски ресурси во источен Медитеран.
Анкара и Атина, сојузниците на НАТО, оттогаш ги продолжија разговорите за решавање на несогласувањата, намалување на тензиите и воспоставување на она што и Турција и блокот го нарекоа позитивна агенда иако потегот донесе мало подобрување во соработката.
Во март 2016 година ЕУ постигна договор со Турција за запирање на приливот на бегалци во блокот кога Анкара прими сириски мигранти и бегалци што бегаат од војната од нејзината земја во замена за милијарди евра за проекти.
Во моментот има речиси 4 милиони сириски бегалци во Турција, најголемата бегалска популација во светот. Анкара соопшти дека повеќе нема да прима мигранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.