Свет
Ердоган до Саудиска Арабија: Кажете каде е телото на Кашоги
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја повика Саудиска Арабија да ја обелодени локацијата на која се наоѓа телото на убиениот новинар Џамал Кашоги. Тој предупреди и дека Турција има повеќе информации за случајот отколку што досега има објавено.
Ердоган исто така рече дека Ријад треба да го објави идентитетот на локалниот кооперант, кој наводно го презел телото на Кашоги од саудиските агенти кога бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври.
Обраќајќи им се на членовите на неговата партија Правда и развој во парламентот, Ердоган рече дека саудискиот јавен обвинител би требало да се сретне со истанбулскиот обвинител в недела.
Ердоган рече и дека Турција има и други информации и докази за тоа дека саудиски државјани го убиле Кашоги и дека на крајот ќе ги објави тие информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.