Свет
Ердоган: Нападите во Сирија се оправдани
Нападите на САД, Велика Британија и Франција во Сирија се оправдани, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул.
„Незамисливо е никој да не сноси одговорност за хемиските напади извршени од режимот на Асад. Сметаме дека операцијата на САД, Велика Британија и Франција против режимот е оправдана“, рече тој.
Ердоган, спомена и дека наскоро ќе разговара за операцијата во Сирија со францускиот претседател Емануел Макрон.
„Утринава разговаравме по ова прашање со британскиот премиер Тереза Меј, а наскоро ќе разговараме за прашањето и со Макрон”, рече турската државна глава.
Во 4.00 часот утринава САД, Велика Британија и Франција започнаа ракетни напади врз Сирија, како одговор на наводната употреба на хемиско оружје во градот Дума. Погодени беа 9 објекти. Според податоците на Пентагон операцијата траела околу 50 минути, а во неа биле активирани два пати повеќе проектили отколку при ударот врз воениот аеродром Шејрат минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.