Свет
Ердоган: Турскиот народ е со сите расположливи средства со азербејџанските браќа
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, рече дека со нападот врз Азербејџан, Ерменија уште еднаш покажа дека претставува најголема закана за мирот и стабилноста во регионот.
„Турскиот народ, денес, како и секогаш, е со сите расположиви средства заедно со своите азербејџанские браќа“, наведе Ердоган во пораката објавена на „Твитер“.
Турскиот претседател Ердоган исто така рече дека меѓународната заедница уште еднаш покажува дека има двојни аршини и на примерот на несоодветен одговор на провокативната агресија на Ерменија.
„За жал, тројката од Минск, која се однесува невнимателно речиси 30 години, е далеку од тоа да дејствува во насока на решавање на проблемот. Го повикуваме ерменскиот народ да се бори за својата иднина против владата и оние што ги туркаат во пропаст и ги користат како марионети, го повикуваме светот да застане покрај Азербејџан во неговата борба против окупацијата и злото“, рече Ердоган.
Ердоган изјави дека разговарал на телефон со својот азербејџански колега Илхам Алиев и дека уште еднаш бил убеден во неговиот решителен и цврст став.
Тој додаде дека во тој разговор тој повторил дека Турција ќе продолжи да ги поддржува Азербејџан и тамошниот братски народ преку слоганот „Еден народ, две држави“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полицаец од Бор е приведен поради давање информации за исчезнувањето на девојчето
Полицаец од Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2).
Не се знае за какви информации станува збор и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.
Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторникот.
Се претресуваат куќи и населба, се расчистува дворот.
Две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти полицијата.
Свет
Украински дрон удрил во станбена зграда во Белгород, има мртви
Едно лице загина кога украинско беспилотно летало удри во станбена зграда во рускиот град Белгород и одекна силна експлозија, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
„Повредена е сопругата на починатиот, има расекотини на лицето и површна изгореница на бутот. Екипата за брза помош ја однела жената во регионалната клиничка болница. Како резултат на експлозијата, за жал, еден човек загина“, објави Гладков, а пренесува Риа Новости.
Друг жител со рана од шрапнел сам отишол во градската болница, додаде тој.
Оштетени се прозорците во пет стана, како и автомобил. Оперативните услуги се на лице место.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.