Свет
ЕУ: Бараме дипломатско решение – се подготвуваат и санкции за Русија
ЕУ е целосно фокусирана на изнаоѓање дипломатско решение и деескалација на ситуацијата во и околу Украина, но во случај дипломатските обиди да не успеат, подготвени сме и подготвуваме мерки на сите полиња, од економија до миграција, соопштија денеска од Брисел.
Европската комисија нагласува дека за ЕУ најважни се дипломатските активности во заедничките напори што се вложуваат со партнерите во Украина и САД во решавањето на актуелната украинска криза.
„Работиме заедно на изнаоѓање мирно решение и деескалација на проблемот“, повтори портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
Во исто време Комисијата наведува дека ЕУ работи на цврст и сеопфатен пакет-санкции во областа на економијата и финансиите“, кој ќе биде воведен против Русија доколку таа изврши чин на агресија врз Украина.
„Поминавме долг пат во подготовката на пакет-санкциите. Ќе се координираме со сојузниците и ќе бидеме подготвени бргу да ги спроведеме доколку е потребно“, изјави портпаролката на ЕК, Дана Спинат.
Запрашан за одговорот на ЕУ на евентуалниот нов мигрантски бран доколку има војна и бегалците се прелеат преку границите на Украина, Спинат рече дека ЕУ работи на два колосека.
„Покрај ова, што се однесува на санкциите, во широка смисла се подготвуваме за сите можни аспекти доколку ситуацијата ескалира, а миграцијата е една од темите“, вели Спинат.
Европската комисија вели дека не сака да излезе во јавноста со детали за можни санкции и други подготовки во случај на ескалација во Украина, но забележува дека ЕУ има пакт за азил и миграција што ќе служи за да се најде најдобрата рамнотежа помеѓу ефикасни и хумани решенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.