Свет
ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови
Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи за да се тврди дека Европската Унија му врти грб на регионот.
„Во Западен Балкан кризата се користи за зајакнување на постојниот наратив дека ЕУ му врти грб на тој регион во кој продолжуваат да ги прицврстуваат теориите на заговор дека коронавирусот е биолошко оружје на САД“, се вели во извештајот на ЕЕАС во специјален извештај за дезинформации во врска со пандемијата.
„Извори блиски до Кремљ, како и неколку локални извори во земји членки на ЕУ, земји од источното партнерство, Западен Балкан, Блискиот Исток и африканските земји, тврдат дека ЕУ не успева да се справи со пандемијата и набргу може да се распадне, дека е себична и дека ги издава своите вредности, а спротивно на ЕУ, Русија и Кина се одговорни сили, како и дека ЕУ ја користи кризата за остварување на своите интереси“, се вели во извештајот.
„Тврдењата дека ЕУ се распаѓа поради кризата со коронавирусот доминираат на социјалните мрежи во сите анализирани региони“, наведува ЕЕАС.
Во извештајот се додава дека во светот продолжува ширењето дезинформации поврзани со пандемијата на коронавирусот, со потенцијално штетни последици за јавното здравство.
„Во ЕУ и на други места целта на координираните дезинформации е да се посочат ранливите малцинства како причина за пандемијата и да се поттикне недоверба во можноста на демократските институции да понудат ефективни одговори“, се наведува во извештајот.
Се додава дека некои држави и актери поддржани од државите имаат тенденција да ја искористат здравствената криза за остварување на геополитичките интереси, честопати директно доведувајќи го во прашање кредибилитетот на Европската Унија и нејзините партнери.
Во текстот посветен на извештајот за ЕЕАС, бриселскиот портал „Еурактив“ наведува дека ЕУ во понеделникот одобри пакет-помош од 38 милиони евра за Западен Балкан, од кои повеќето, 15 милиони евра, ќе одат во Србија, најтешко погодената земја во регионот.
И покрај ова, наведува „Еурактив“, на билбордите во Србија изразуваат благодарност само до кинескиот претседател Шји Џјинпинг со зборовите: „Благодарам, брату Шји!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД и 17 земји му порачаа на Хамас: Ослободете ги заложниците, тоа може да ја реши кризата во Газа
Соединетите Американски Држави и 17 други земји денеска апелираа до Хамас да ги ослободи заложниците како начин да се стави крај на кризата во Газа. „Повикуваме на итно ослободување на сите заложници кои Хамас ги држи во Газа повеќе од 200 дена“, се вели во соопштението на земјите, кое висок американски функционер го нарече извонредна слика на едногласност.
Тие 18 земји имаат државјани кои ги држи Хамас шест месеци откако палестинската милитантна група започна напад врз јужен Израел во кој загинаа 1.200 луѓе. Потписници се лидерите на САД, Аргентина, Австрија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Тајланд и Велика Британија.
„Потенцираме дека договорот на маса за ослободување на заложниците ќе доведе до итен и продолжен прекин на огнот во Газа, што ќе овозможи бран дополнителна потребна хуманитарна помош да се достави низ Газа и веродостоен крај на непријателствата“, се вели во соопштението.
Висок американски функционер, кој ги брифираше новинарите за изјавата, рече дека може да има пат до договор за заложничката криза, но дека не е целосно убеден. Тој не даде детали, но рече дека решението зависи од „еден човек“, лидерот на Хамас, Јахја Синвар.
Европа
Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени
Приходите од нафта и гас на Русија ќе достигнат 1,29 трилиони рубљи (14 милијарди долари) во април, што е речиси двојно повеќе од истиот месец минатата година благодарение на зголемените цени, покажуваат пресметките на Ројтерс.
Ројтерс ги заснова проценките на податоците од индустриските извори и официјалната статистика за производство, преработка и снабдување со нафта и гас на рускиот и меѓународниот пазар.
Руското Министерство за финансии на почетокот на мај ќе ги објави податоците за април. За цела 2024 година, владата буџетираше приходи од продажба на нафта и гас од 11,5 трилиони рубљи, за 30 отсто повисоки отколку во 2023 година, кога се намалија за 24 отсто поради пониските цени на нафтата и намалениот извоз на гас под притисок на санкциите.
Благодарение на закрепнувањето на приходите од продажбата на енергетски производи, рускиот буџетски дефицит се намали во првите три месеци од оваа година на 607 милијарди рубљи, што одговара на 0,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), наведува Ројтерс.
Западните земји воведоа бројни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, настојувајќи да ги намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и гас, кои сочинуваат околу една третина од федералниот буџет. Казнените мерки вклучуваат забрана за водење бизнис со руски финансиски институции.
Свет
Судот во Њујорк поништи пресуда на Харви Вајнстин за силување
Судот во Њујорк ја укина пресудата на Харви Вајнштајн за силување во 2020 година и нареди ново судење за случајот „MeToo“, пишуваат странските медиуми.
Во пресудата се наведува дека му било судено врз основа на неговото однесување во минатото, а не само врз основа на делата за кои бил обвинет. Судот одлучи дека судењето „погрешно го прифатило сведочењето за наводни претходни сексуални дејствија против лица кои не биле тужители во овој случај“.
Вајнстин (72) отслужува 23-годишна затворска казна во њујоршки затвор, откако беше осуден за сексуален напад за насилен орален секс со асистентка на ТВ и филмска продукција во 2006 година и за напад на актерка во 2013 година.
Тој ќе остане во затвор бидејќи беше осуден за уште едно силување во Лос Анџелес во 2022 година и осуден на 16 години затвор.
Обвиненијата против Вајнстин започнаа во 2017 година и го поттикнаа движењето #MeToo кое го разоткри сексуалното вознемирување на највисоките нивоа на холивудската филмска индустрија.