Свет
ЕУ нема да прифаќа руски пасоши издадени во Грузија и Украина
Европскиот совет одлучи да не се прифаќаат патните исправи на руски државјани издадени во Украина и Грузија.
„Руските патни документи издадени на лица што живеат во региони под руска окупација во Украина или отцепени територии во Грузија нема да бидат прифатени како валидни патни документи за добивање виза или преминување на границите на шенген-зоната“, соопшти Европскиот совет.
Советот образложи дека одлуката е одговор на руската воена агресија врз Украина и нивната практика на издавање пасоши на руски жители од окупираните региони.
„Ова се случува и поради едностраната одлука на Русија да ја признае независноста на грузиските територии Абхазија и Јужна Осетија во 2008 година“, додаваат тие.
Одлуката, сепак, мора да биде формално потврдена од Европскиот парламент и земјите членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.