Свет
Жените, етничките малцинства и ЛГБТИ-кандидатите напишаа историја во САД
Од две домородни жени и сомалиски бегалец, до првиот отворено геј маж кој е избран за гувернер, изборите за Конгресот и Сенатот во САД донесоа серија историски гласови кои претставуваат големи постигнувања за жените, ЛГБТ-кандидатите и диверзитетот во земјата.
Изборите донесоа рекорден број жени во Претставничкиот дом преку големата вечер за женските кандидати на политичкиот спектрум во САД.
Според последните проекции, вкупно 116 жени ќе влезат во Конгресот, што е нов рекорд бидејќи претходно биле 107 жени.
Демократите Шарис Дејвидс и Деб Халенд ќе станат први жени со домородно потекло кои се избрани во Конгресот. Дејвидс исто така се идентификува како лезбијка, што ја прави прв отворен ЛГБТ-кандидат во Конгресот кој доаѓа од Канзас.
Демократките од Мичиген и Минесота, Рашида Тлааиб и Илхан Омар, стануваат први жени муслиманки кои се избрани во Конгресот.
Победите за двете беа очекувани откако тие и лани победија на прелиминарните избори. Омар освен што е прва жена муслиманка е исто така и сомалиска Американка и има дојдено во земјата пред две децении како бегалка.
Џаред Полис од Колорадо стана првиот отворено геј маж избран за гувернер од оваа земја. За првпат беа избрани женски сенатори во земјите како Тенеси и Аризона, додека Тексас ја прати првата латиноамериканска жена во Конгресот, а Јужна Дакота ја избра првата жена гувернер.
Очекувана победа во Њујорк освои и популарната Александра Окасио Кортез, која стана најмладиот член избран во Конгресот во историјата на САД. Таа има 29 години и за првпат е избран некој во конгресот во неговите дваесетти. Окасио Кортез, која доби поддршка и од Берни Сандерс, се идентификува себеси како демократски социјалист, што исто така се смета за дополнително вртење кон лево кај младите избирачи на Демократската партија во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.