Свет
Жителите на Лиман за „Си-Ен-Ен“: Русите мирно и организирано го напуштија градот
Во Лиман, од каде што Русите се повлекле, нема траги од руски војници. Тишината повремено ја прекинуваат звуците на пукотници или топови.
Граѓаните ги возат своите велосипеди, збунети од она што се случува, и бараат храна.
„Еден ден носам една капа, друг ден друга. Како можеме да живееме вака? рече една жена во солзи, преправајќи се дека го симнува шеширот.
Новинарите на Си-Ен-Ен пристигнаа во Лиман само триесет минути откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека градот е целосно исчистен од руските војници.
Украинските власти постојано споменуваа голем број заробени руски војници. Сепак, тие денеска не можеа да се видат во Лиман. Некои официјални лица рекоа дека веќе ги отстраниле телата и ги однеле затворениците, но локалните жители имаат поинаква приказна и велат дека руските сили мирно и организирано го напуштиле градот во петокот.
„Тие влегоа во нивните тенкови и заминаа“, рече Тања, враќајќи се со велосипед во засолништето, каде што сè уште ги минува ноќите со уште 15 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак
Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Ројтерс.
Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.
Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени“, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.
Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.
Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.
Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.