Свет
Загадување предизвикано од болокадата на Суецкиот Канал снимено од вселената
Неодамнешната блокада на Суецкиот Канал, предизвикана од огромниот транспортен брод „Евер гивен“, што се заглави во него, предизвикала сериозно загадување со сулфурен диоксид, пренесува Би-би-си.
Поради блокадата на каналот, стотици бродови останаа да чекаат од двете негови страни, принудени да стојат на истото место со денови.
Како резултат на тоа, концентрацијата на сулфурен диоксид (SO2) во воздухот достигнала петпати поголема вредност од вообичаената на медитеранската страна на каналот. Сулфурниот диоксид е нуспроизвод од согорувањето на горивата што ги користат бродските мотори.
Меѓународната поморска организација (ИМО) во последните години се обидува да ги намали емисиите на сулфурен диоксид поради негативното влијание што може да го има врз животната средина и здравјето на луѓето, јавува Би-би-си.
Поради блокадата на Суецкиот Канал, која траеше цели шест дена, дури 350 брода заглавија на истото место. Повеќето беа закотвени на северниот крај на каналот, во Медитеранот. Иако нивните главни мотори беа исклучени, помошните напојувања и бојлерите сè уште беа во функција.
Тоа довело до висока концентрација на сулфурен диоксид во атмосферата, што беше откриено од европскиот сателит „Сентинел-5П“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.