Свет
Заразениот шеф на австриската дипломатија без симптоми
Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, кој во петокот откри дека е позитивен на коронавирусот, нема никакви симптоми.
Тој е во домашна изолација и сè уште не е јасно колку време ќе помине во карантин, соопштија од неговата канцеларија.
Шаленберг нема да присуствува на владината седница в среда, а предвидените посети до петок на Велика Британија, Данска, Грција и Кипар се откажани.
Шаленберг е првиот член на австриската влада кој е позитивен на Ковид-19.
Според Министерството, тој седел покрај неговата белгиска колешка Софи Вилмс, која е исто така позитивна на вирусот, за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
На маргините на состанокот на ЕУ, Шаленберг имаше и кратка билатерална средба со неговиот ирски колега Симон Ковени, кој не мораше да биде ставен во карантин, бидејќи не беше наведен како лице за контакт на Ниво 1.
Истото важи и за шефот на канадската дипломатија, Франсоа-Филип Шампањ, кој разговараше со Шаленберг во Виена, но сè се одвивало со задолжителна дистанца, изјави Министерството.
На прашањето од медиумите дали ќе има почести тестови во Министерството за надворешни работи, беше речено дека веќе се применува строгиот концепт на хигиена, како и тестови пред службени патувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.