Контакт

Вести

За јавноста се отвора обновениот гроб на Исус

Објавено пред

Научниците и реставраторите го обновија гробот на Исус Христос во ерусалимската црква на Светиот гроб и во средата тој ќе биде повторно отворен за јавноста.

dobivaj vesti na viber

Гробницата на Исус Христос во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим е конкретната гробница која во IV век ја пронашла Елена, мајката на царот Константин, заклучуваат научниците по изврените анализа на содржината на светилиштето.

Ланскиот ноември беше објавено дека археолозите првпат по 500 години го отворија гробот на Христос од која ја отстранија мермерната плоча поставена на гробот во 1555 година. Причината поради којашто била поставена плочата е тоа што многу аџии се обидувале да откршат за себе дел од реликвијата. Под неа беа откриени камења, а под нив уште една плоча со крст, којашто најверојатно ја вдлабиле крстоносците.

Научниците, исто така, открија дека светијата не била допрена. Тие сакаа да дознаат зошто Елена, којашто ги водела ископувањата на Голгота, решила дека токму таму е погребан Исус Христос.

Георадарските и термографските скенери помогнале да се испита содржината на гробот, а за обработка на овие беа потребни неколку месеци. Археолозите се надеваат дека тоа ќе им помогне да создадат виртуелна реконструкција на светилиштето.

Во Кувуклијата, капелата каде се наоѓа Светиот гроб, изминативе месеци траеја реставраторските работи, кои според планираното завршија токму до пролетта 2017 година. Во текот на претстојните проучувања, научниците планираат да појаснат од што се состоела оригиналната површина, на којашто, според писанијата, три дни лежело телото на Исус Христос, како и да дознаат зошто света Елена решила токму на ова место да е локацијата на Светиот гроб.

Капелата првично била подигната над местото на коешто е погребан Исус Христос, во IV век. Таму се наоѓа особено почитуваната меѓу христијаните плоча, под којашто се наоѓало местото на погребението. Секоја година, почнувајќи од IV век на Велика сабота тука се случува чудесното и мистично појавување на Благодатниот оган.

Дрвената капела неколкупати страдала од напади на противниците на христијанството, а исто така и во пожари и земјотреси, и неколкупати била повторно градена. Последниот пат е возобновена во 1810 година. Ова здание двапати страдало од земјотреси, а по стихијата од 1927 година, капелата е зајакната со челични греди.

Според Евангелието, по смртта на Исус Христос неговото тело било положено во една од погребните пештери вдлабени во планината. Имено, таму на третиот ден се случило Воскресението на Исус. Се смета дека света Елена којашто во IV век водела ископувања на планината Голгота, го открила таму крстот на кој бил распнат Христос, а пота на тоа место го основала храмот на Светиот гроб.

Обновувањето на Исусовиот гроб, односно мраморната едикула над спилата во којашто според преданието е положено телот на Исус Христос, ја финансираа христијанските заедници во Светата Земја. Секоја од трите деноминации кои заеднички управуваат со црквата, римокатоличката, гркоправославната и ерменската, придонесоа во проектот со по 3,3 милиони долари.

Кувуклијата се наоѓа под отворена купола на црквата подигната на местото каде што според преданието била спилата во која е положено телот на Исус Христос. Во текот на обновувањето беше расклопена и повторно составена. Само многу кревките и скршени делови во текот на обновувањето биле заменет. Мермерните плочи се исчистени, конзервирани, а структурата којашто ги поддржува е зацврстена.

Една од кулминациите на обновувањето се случи во октомври 2016 година, кога на три дена беше подигната мермерната плоча над самиот гроб. Тоа е сторено првпат по половина милениум, а археолозите имаа единствена можност да земја примероци и да ја испитаат подлогата на најсветото место на христијанството.

На реставрацијата на кувуклијата (едикулата), во изминатите девет месеци работеа и педесетина експерти од атинскиот Национален политехнички факултет.

Во текот на обновувањето, црквата на Светиот гроб беше затворена за јавноста. Во средат таа повторно ќе биде отворена за јавноста на свеченоста на којашто ќе присуствуваат цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј и претставник на папата Франциск./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија9 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија10 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија10 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија14 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија15 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија16 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија18 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија20 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет21 час

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет21 час

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија21 час

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија22 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет22 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет22 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет22 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...