Свет
Зеленски да внимава што зборува – украински политичар остро одговори на изјавите на претседателот
За да се спречи вооружен конфликт во кој Украина би била завојувана страна, претседателот Владимир Зеленски мора да биде внимателен со своите зборови, напиша на „Фејсбук“ поранешниот пратеник на Врховната рада, Евгениј Мураев.
Според него, шефот на државата направил грешка и посеал паника со изјавата дека Харков ќе биде окупиран.
„Зеленски треба да биде повнимателен со зборовите. Неговата непромислена изјава за Харков веќе запре многубројни дела во градот“, рече Мураев.
Политичарот оцени дека е малку веројатно избувнувањето непријателства на украинска територија.
„Сакам да ги смирам сите – сигурно нема да има војна во блиска иднина доколку нашата влада постапи правилно“, заклучи поранешниот парламентарец.
Претходно, во интервју за „Вашингтон пост“, Зеленски рече дека „руската инвазија“ може да се случи во големите градови на Украина под изговор за заштита на населението што зборува руски, а особено го спомна Харков, кој „може да биде окупиран“.
Коментирајќи ги зборовите на украинскиот лидер, портпаролот на претседателот, Сергеј Никифоров, рече дека „тоа е само пример, хипотетичко сценарио“. За возврат, градоначалникот на Харков, Игор Терехов, ги повика локалните жители да не паничат по изјавите на Зеленски и увери дека градот е „подготвен да возврати“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.