Свет
Земан не прифаќа дека Русија е виновна за експлозиите во Врбетице
Внатрешното превирање во Чешката Република за експлозиите во складиштето за муниција во 2014 година не покажува знаци на смирување, а претседателот Милош Земан одбива да ги прифати заклучоците на службата за безбедност на Прага дека е виновна Русија, пренесува РТ.
Спорот сега стана толку интензивен што и премиерот на земјата, Андреј Бабиш, и министерката за правда, Мари Бенесова, тргнаа во напад против Земан.
Во октомври и декември 2014 година се случија експлозии во складиштата за оружје во Врбетице, при што загинаа две лица. Минатиот месец, првиот вицепремиер на Чешка, Јан Хамачек, обелодени дека властите веруваат оти двајцата мажи, наводно одговорни за експлозиите, работат за руските воени разузнавачки служби.
По ова, Прага протера 18 руски дипломати пред подоцна да објави дека руската амбасада во главниот град ќе биде намалена за да одговара на големината на чешката делегација во Москва.
Сепак, и покрај заклучоците на разузнавачките служби, чешкиот претседател не е убеден во вината на Русија. Земан во неделата за радиото „Фреквенце 1“ изјави дека не е убеден оти има само едно објаснување за експлозиите истакнувајќи дека не верува во службата за безбедност и информации. Тој посочи дека инцидентите биле исценирани за да се прикрие недостигот од оружје.
Како одговор на коментарот на Земан, Бабиш објасни дека постои само една теорија за тоа што се случило. Бенесова исто така го поддржа премиерот истакнувајќи дека Чешка има само една теорија обвинувајќи ги руските воени разузнавачки служби.
Москва негира каква било вмешаност, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги нарече обвинувањата провокативни и непријателски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
Парламентот на Индонезија одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.
Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.
Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.
Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата се пресели во Нусантара.
„Откако повеќе не е главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата“, рече тој.
Европа
Кремљ за евентуалното блокирање на Телеграм: „Се повеќе станува алатка во рацете на терористите“
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во моментов не се планира блокирање на социјалната мрежа Телеграм во Русија.
„Не, во моментов нема такви планови“, изјави Песков за каналот Шот на прашањето дали Русија планира да го блокира Телеграма.
Тој додаде дека основачот на таа платформа Павел Дуров треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.
„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација, се повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува РИА Новости.
Како што изјави во средата за РИА Новости, извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во предградието на Москва биле регрутирани преку каналот на Телеграм, Глас Хорасан, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.
Пратеникот на Државната дума од Обединета Русија Олег Морозов денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на Телеграм кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.
Европа
Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече своите војници
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.
Шолц за „Маркише Агемајне Цајтунг“ изјави дека секогаш имало иницијативи за посредување.
„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи тој.
Како што тврди, токму тогаш на виделина излегле „масакрите“ во Буча и Ирпин, злосторства против човековите права извршени од страна на руските вооружени сили врз цивилното население, со што разговорите се лишени од секаква основа, пренесува медиумот.
„Малку подоцна се разговараше за договорот за жито, со успех. За жал, Путин во одреден момент повторно го откажа“, додаде Шолц.
Тој изјави дека имало разговори и за безбедноста во нуклеарната централа Запорожје и за размена на затвореници.
„Голем број земји, вклучително и Украина, во моментов разговараат на ниво на советници за безбедност за тоа што би можело да изгледа како нешто што може да доведе до мировен процес, но дозволете ми да бидам многу јасен: мирот е можен во секое време. Путин само треба да стави крај на неговата „варварска“ кампања и да ги повлече трупите“, истакна Шолц.