Свет
Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Иран, најмалку 276 повредени
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Иран, а државната телевизија и медицинските власти соопштија дека најмалку 276 лица се повредени.
ℹ Aftershocks may occur in the next hours/days. Unless it is necessary, stay away from damaged areas for your safety ???? Be careful and follow national authorities’ information.
— EMSC (@LastQuake) October 5, 2022
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хови во западен Азербејџан. Итната медицинска помош во Хови соопшти дека „досега се повредени 276 лица, од кои 68 се хоспитализирани поради помали скршеници“.
We detected a M5.6 quake in NW Iran, a seismically active region, Wed 10/5, 4:30am local time. The event was shallow (15 km), leading to a PAGER forecast that casualties & damage are likely. Our thoughts are with the people of this region. Latest info: https://t.co/pGog5Y7n8z pic.twitter.com/C8tZvKY42G
— USGS Earthquakes (@USGS_Quakes) October 5, 2022
Земјотресот се случил на 12-ина километри од Хови, на длабочина од 10 километри, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) претходно објави дека земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтер се случил во близина на ерменско-азербејџанско-иранската граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.