Свет
Иванка Трамп: Земјите цветаат кога инвестираат во жените
Иванка Трамп за време на посетата на Мароко рече дека семејствата, заедниците и државите цветаат кога инвестираат во жените и кога тие се вклучени во економијата.
Ќерката на претседателот Доналд Трамп и советник на Белата куќа имаше можност преку примерите од секојдневниот живот во земјата да запознае четири жени на кои секојдневието им беше променето со тоа што поседуваат земја, според АП.
Иванка Трамп предводи акција за помош на жените во земјите во развој преку обука, стекнување вештини, пристап до капитал и сопствеништво на земја.
Една од жените, Ајша Буркиб, ја прегрнала Иванка Трамп и ѝ ги бакнала рацете кога групата се состанала во маслинарник. Оваа 59-годишна домаќинка и мајка на четири деца одгледува маслинки и зеленчук на земјата што неодамна ја купи.
Буркик исто така има две крави и сака да создаде млечна задруга во нејзиното село, пренесува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се судрија два воени хеликоптери во Малезија: загинаа сите членови на екипажот
Два малезиски воени хеликоптери се судрија и се урнаа за време на тренинг вежба, при што загинаа сите 10 членови на екипажот, соопшти морнарицата.
Несреќата се случила во поморска база во северната држава Перак за време на проба за прослава на 90-годишнината од формирањето на морнарицата во мај, се вели во краткото соопштение на морнарицата.
BREAKING: 2 military helicopters crash after mid-air collision in Malaysia, killing all 10 people on board pic.twitter.com/4afNggr0x9
— BNO News (@BNONews) April 23, 2024
Сите жртви починале на лице место, а посмртните останки се испратени на идентификација, пренесува АП.
Седум членови на екипажот се наоѓале во поморскиот оперативен хеликоптер AV139, соопшти морнарицата. Тој авион е произведен од „AgustaVestland“, подружница на италијанскиот одбранбен изведувач Леонардо.
Тројца други членови на екипажот се наоѓале во лесниот хеликоптер „Фенек“, произведен од европскиот мултинационален одбранбен конгломерат „Ербас“.
Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортски комплекс во поморската база, додека „Fennec“ удрил во блискиот базен.
Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење
Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, се „за жалење“ бидејќи Иран дејствуваше во самоодбрана, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.
Тој во објава на платформата Х, напиша дека е „за жалење“ што ЕУ толку брзо одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што Иран го искористи правото на самоодбрана, по, како што наведе, „непромислената израелска агресија“, пренесува Ројтерс.
На 13 април, Иран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, велејќи дека тоа е како одмазда за израелскиот бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа 13 лица.
Свет
Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса
Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, изјави дека се оштетени најмалку 14 станови, пренесе агенцијата „Униан“.
Целта на руските беспилотни летала беше и Киев, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.
Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Николаев.