Свет
Изгаснат пожарот во најголемата нуклеарна центрaла во Европа
Украинските итни служби изјавиле дека успеале да го изгаснат пожарот во најголемата нуклеарна централа во Европа, која ноќеска била нападната од руските сили. Како што објавија властите, пожарот бил предизвикан од неколкучасовното интензивно гранатирање и дека таму веќе нема борби.
Светските лидери и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) го осудија нападот, а САД го активираа својот тим за одговор на нуклеарни инциденти. Од таму додаваат дека се запалил петкатен тренинг-објект и дека огнот не се проширил на самата централа.
Майданчик Запорізької АЕС захоплений російськими військовими https://t.co/crPROn4iyS
— Верховна Рада України (@verkhovna_rada) March 4, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини Русите за намерно гранатирање на шесте реактори на централата користејќи тенкови со термичко снимање нагласувајќи дека тие сакаат да направат катастрофа како во Чернобил.
Од ИАЕА, која е под капата на Обединетите нации, изјавиле дека пожарот не ја зафатил суштинската опрема на централата и дека не е забележано покачување на нивото на радијацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.