Свет
Израелската арапска партија: ЕУ да наметне санкции за анексијата и да ја признае Палестина
Израелската партија Арапска заедничка листа, трета по големина во земјата, во вторникот ја повика Европската Унија да ја признае државата Палестина и да ги прекине врските со Израел ако владата во Тел Авив не ги откаже своите експанзионистички планови за анектирање на делови од Западниот Брег, пренесува „Брејтбарт“.
Во писмото до функционерите на ЕУ, вклучувајќи ги и шефот за надворешна политика, Џозеф Борел, и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, арапската партија ја повикува ЕУ сериозно да ги испита сите опции и да даде до знаење дека ќе го прекине Договорот за асоцијација ЕУ-Израел, ако Израел трајно не ги напушти експанзионистичките цели.
Договорот, потпишан во 1995 година, служи како правна основа за дефинирање на односите меѓу Израел и ЕУ.
We requested that top EU officials act to prevent annexation including re-evaluating the EU-Israel partnership agreement, recognizing a Palestinian state according to the ’67 borders and labelling goods from the OPT. Palestinians deserve independence and freedom. pic.twitter.com/2fs9RXix4Z
— Yousef Jabareen (@DrJabareen) June 30, 2020
Во писмото се вели дека традиционалниот пристап заснован на поттик за Израел досега не успеа да постигне заеднички легитимни позиции. Партијата дополнително побара од ЕУ да ги повика земјите членки да ја признаат државата Палестина врз основа на границите пред 1967 година.
„Ваквиот чекор ќе изрази силна поддршка за Израелците и Палестинците кои се стремат кон помирување“, велат од партијата.
„Реакцијата на анексијата треба да вклучува и целосна примена на политиката на диференцијација меѓу Израел и населбите во сите бизниси. Овие чекори ќе постигнат значителен напредок кон исправање на сериозните неправди нанесени на палестинскиот народ и приближување на Израел и Палестина кон мирот“.
Партијата испрати слични писма до американските демократи во Конгресот и до политичките партии во Велика Британија.
Борел во вторникот посочи ЕУ може да воведе казнени санкции против Израел ако продолжи со плановите за анексија.
„Постои силна врска меѓу Израел и Европа и сакаме да ја зајакнеме оваа врска и да ги продлабочиме нашите односи, а не да ги видиме повлечени. Сепак, ова неизбежно ќе се случи ако се продолжи со еднострана анексија “, напиша тој во колумна за „Џерусалим пост“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.