Свет
Израелските трупи собориле дрон кој стигнал од Јордан
Израелските трупи рано утрово соборија дрон кој се приближуваше кон северен Израел од правецот на Јордан, објавија израелските одбранбени сили.
Според армијата, дронот се движел кон областа Бет Шан на северот на Израел, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Дронот го следеа единиците за противвоздушна одбрана. Фрагментите од дронот ги собраа безбедносните сили“, објави израелската армија.
Иако беспилотното летало се приближи до израелската граница од правецот на Јордан, не е целосно јасно дали потекнува оттаму.
Во 2018 година вооружен ирански дрон, кој беше лансиран од сириската воздушна база Т-4, влезе во израелскиот воздушен простор во истата област пред да биде соборен од израелски хеликоптер.
Ова ги поттикна израелските одбранбени сили да почнат голема операција врз иранските позиции во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.
Свет
Евакуација на две села во Русија поради поплави, стабилнo во Удмуртија
Во областа Абат во руската област Тјумен во тек е евакуација на жителите на две села поради поплави, ситуацијата во Удмуртија се стабилизира, а водостоите на реките во тој руски регион се намалуваат, соопштија официјални лица.
Жителите на селата Назарово и Јурга во областа Тјумен се евакуираат со бродови, пренесе „Интерфакс“.
Официјални лица соопштија дека нивото на водата во реката Лоза во руската Удмуртска Република, која поплави 120 станбени области во регионалниот центар Игра, се намали речиси 120 сантиметри.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.